Сведоштво за трагедијата во „Пулс“: Пиротехниката беше поставена опасно блиску до гостите

Од:

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ беа поставени вечерта откога јас бев таму – истакна денеска во сведочењето студентката Теа од Штип, која во критичната ноќ во дискотеката во Кочани пристигнала околу еден часот по полноќ заедно со пријатели.

На влезот, како што наведе, имало двајца обезбедувачи, а нивната маса била поставена пред бендот, во непосредна близина на сцената.

Во исказот пред судот таа рече дека во текот на вечерта биле поставувани пиротехнички средства, при што таа реагирала кај своја пријателка дека се наоѓаат премногу блиску до гостите. Додека снимала со мобилен телефон, забележала дека по една минута почнал пожар.

– Видовме искри и дека гори плафонот. Не го сфативме веднаш сериозно, но кога еден член од бендот повика да излеземе, тргнав кон излезот – наведе таа.

Според сведочењето, во моментот на евакуацијата настанала голема турканица, а зад неа се слушнала експлозија. Рече дека се заглавила меѓу влезната и излезната врата по што почнала тешко да дише.

– Бев веќе во лежечка положба, беспомошна. Барав помош. До мене беше пријателот кого го држев за рака – рече таа и додаде дека обезбедувачот по име Стојанчо ја извлекол надвор, каде што ги чекале родителите.

Сведокот додаде дека и претходно, кога ја посетувала дискотеката, имало случаи на користење пиротехника, како и дека во локалот влегувала и додека била малолетна.

На прашање на судот дали кога била малолетна и одела во „Пулс“ ѝ барале лична карта на влезот, рече „да“ и дека во минатото не била сведок на полициски рации додека таа присуствувала во дискотеката.

На почетокот на судењето обвинителот рече дека за барањето на првообвинетиот за определување мерка куќен притвор ќе се произнесе или писмено или на следното рочиште.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето се наоѓа во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

Горан Наумовски

Вкрстени прашања од одбраната за градежните вештаци на судењето на „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Катерина Ѓуровски

Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер, интервенциите во 2012 биле поради пренамената во дискотека

Катерина Ѓуровски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски