(ВИДЕО) Сведокот на Мукоски за 27 април: На протестот учествуваа луѓе домаќини

Од:

Додека траеа, протестите беа прекрасни, позитивни, немаше никакви проблеми. Народот беше со високо хигиенско ниво на култура. На тие протести имаше дечиња со колички, мајки, бремени жени, пензионери, со еден збор домаќини луѓе го посетуваа протестот, изјави на денешното рочиште за „крвавиот четврток“ сведокот повикан од страна на обвинетиот Крсто Мукоски, Марија Ангелова поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ која на 27 април учествувала на протестот и влегла во Собранието заедно со своите пријатели.

– Околу 17:40 се создаде чудна атмосфера, бев возбудена бидејќи во таа маса на народ од 5- 6 илјади луѓе сите беа активни на социјалните мрежи и гледаа фејсбук лајв стрим од собраниската сала на парламентот. Веднаш се разгласи дека некој пее една химна, друга химна. Јас лично стоев пред Халк банка, одеднаш се создаде едно стампедо од народот. Чуството и емоциите не можеа да се сопрат во тој момент, сведочи Ангелова.

Таа го искористи моментот да и ја долови тогашната ситуација на судијката Добрила Кацарска велејќи и дека доколку и таа била во тој момент на протестот ќе била потресена.

– И вие судијке доколку бевте таму ќе се потресевте. Никој не очекуваше дека ќе се случи такво нешто бидејќи протестите беа мирни и позитивни. Народот лупаше пред вратите на Собранието, од љубопитност направив неколку фотографии, влезе народот влегов и јас да ги видам колегите, поседов 15 минути и излегов, рече Ангелова.

Сведокот истакна дека до 27 април со тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно немала никаква комуникација. Туку само учествувала во стара ВИБЕР комуникација во која учествувале пратеници од пратеничкиот состав од 2014 до 2016 година.

– Мојата комуникација тој ден е во една поранешна Вибер група на пратеничкиот состав од 2014 до 2016 година, таа Вибер група во тој период и служела на пратениците за побрз проток на информации во службена смисла. Но, и после нашиот мандат групата постои и добро е што постои, ни служи за комуникација. На 27 април неколку колеги дадоа поддршка пишувајќи во групата “браво македонци”, “браво пратеници наши”. Јас на колегите им пишав, со цел да им ја доловам сликата, дека влеговме во Собранието, дека народот влегува, им ги испратив и оние фотографии кои ги направив, рече Ангелова.

Таа додаде дека со пратеникот Мукоски не биле во комуникација ниту 3 дена, ниту 6 месеци, пред 27 април односно немале никаква комуникација и дека нејзиното делување на 27 април било позитивно.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески