Сведок во „Дива населба“ со спротивни искази пред Обвинителството и пред Судот

Од:

Сведок во случајот „Дива населба“, односно за вооружениот судир меѓу полицијата и вооружената група што се случи во мај во Куманово, дал дијаметрално спротивни искази пред јавниот обвинител во предистражната постапка и во петокот на главната расправа пред Судот, тврди обвинителката, Вилма Рускоска која е обвинител во овој случај, пренесе Макфакс.

Обвинителката побара вкрстено испитување на сведокот поради неговите спротивни искази, но адвокатите приговараа бидејќи го немале добиено записникот од исказот на сведокот што го дал пред обвинителот. Судијката донесе решение на одбраната да ѝ се достави записникот од исказот на сведокот, а потоа да се продолжи со испрашување на сведокот. Судењето за овој случај неколку месеци беше затворено за јавноста, бидејќи беа испрашувани заштитени сведоци. Денеска во судот исказ даваше сведокот Љутвиу кој живее на улицата „Перо Илиевски“ во кумановската „Дива населба“. Тој е во роднинска врска со обвинетите Ирфан Љутвиу и Фадил Фејзулаху. На 8-ми мај минатата година не забележал ништо невообичаено во населбата и не видел непознати луѓе. На 9-ти мај се разбудил од првите пукотници, се облекол и веднаш отишол во куќата на Ирфан Љутвиу која се наоѓа до неговата. Таму го видел таткото на Ирфан кој спиел и додека траеле пукотниците останал во куќата на Ирфан. Од горниот кат се симнале доле, бидејќи хеликоптерите летале многу ниско и ќерамидите од куќата се треселе, тврди сведокот. Потоа во куќата дошла полиција, им ставила лисици и почнале да ги испрашуваат и, како што рече, да ги малтретираат и да ги пцујат. Не му верувале на тоа што го кажувал и мислеле дека дошол од Косово. Сведочењето беше прекинато бидејќи одбраната не го добила записникот од неговиот претходен исказ. Судењето продолжи со изведување на материјални и вербални докази. Судењето за случајот „Дива населба“ почна од почеток.Овој случај се спои со случајот „Молња“, односно со осумтемина логистичари кои беа уапсени неколку месеци по судирот.Сите обвинети на судењето рекоа дека не се виновни и дека судирот бил „проeктиран“ за пари од високи функционери од Управата за безбедност и контраразузнавање.

Би можело да ве интересира

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“

Ана Ололовска

МВР: Во Диво Насеље изгубивме осум херои, oвој противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Три години од настаните во кумановската „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата ги разгледува можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Мифтарај: Тие кои војуваа во Куманово се обични платеници

Наум Локоски