Свечена заклетва на јунската 35. генерација војници на доброволно служење во АРМ

Од:

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва дадоа војници на доброволно служење во АРМ од генерацијата јуни 2018.

Пред нивните родители, роднини, пријатели и старешини кои ќе ги обучуваат во наредните три месеци, свечено дадената заклетва од името на ГШ на АРМ им ја честита заменик началникот генерал – мајор Азим Нуредин.

– Да се биде војник е посебна чест, со денешниот чин на давање свечена заклетва вие се обврзавте дека ќе ги браните највисоките уставни и човекови вредности. Со овој чин вие го отпочнувате процесот за вашата обука, за што длабоко сум уверен дека успешно ќе ја завршите и ќе се приклучите кон генерациите кои успешно ја завршиле обуката оспособени за одбрана на Р.Македонија. Служењето на воениот рок за кој доброволно се пријавивте ќе има влијание и врз вашиот понатамошен животен пат, пред се, поради искуството кое во наредниот период ќе го стекнете во АРМ, нагласи генерал мајорот Нуредин.

Честитки до 68-те војници од класата, меѓу кои и 15 девојки, упати и потполковник Арбен Јакупи, командант на Центарот за индивидуална обука – ЦИО, кој е во склоп на Командата за обука и доктрини ,каде се изведува воената обука.

По завршување на тримесечната воена обука најголем дел од тие што успешно ќе ја завршат имаат можност да останат и да се вработат во АРМ, преку конкурсите за професионални војници, а понатаму со дообука да станат и старешини во редовите на Армијата.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација