Свечена велигденска литургија во соборниот храм „Св.Климент Охридски“

Од:

Во соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје  во рамки на чествувањето на Христовото воскресение – Велигден претпладнето се одржа Света Златоустова литургија, со која богослужеше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

На велигденската литургија заедно со бројните верници беа  претседателот Ѓорѓе Иванов со сопругата, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и претседателката на Комисијата за верски заедници Валентина Божиновска.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Најголемиот христијански празник Велигден е ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост