Свечена академија на МАНУ во чест на Јосип Јурај Штросмаер

Од:

Македонската академија на науките и уметностите денеска организира свечена академија за 200 години од раѓањето и 110 години од смртта на Јосип Јурај Штросмаер, хрватски културен деец, духовник и филантроп.

Бискупот ѓаковички, роден во Осиек во 1815 година, бил најпознат хрватски мецена, чие мото во животот било „Се за верата и татковината”.

Тој е значаен за хрватската култура, но и за македонската зашто со негова финансиска помош во 1861 година во Загреб бил отпечатен Зборникот на браќата Миладиновци.

На академијата на МАНУ се најавени обраќања на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на МАНУ Владо Камбовски, ѓаковичко-осиечкиот надбискуп Ѓуро Храниќ, скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов и на академик Блаже Ристовски.

Ќе настапи и Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска-Полизова.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Академик Фити: Има серозни индикации и испитувања дека субвенциите не даваат соодветни резултати

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он