Суспендираниот судија Шахини и по пензионирањето пак ќе биде судија

Од:

Суспендираниот управен судија, Мустафа Шахини, поднел барање до Судскиот совет за да му биде продолжен мандатот по неговото пензионирање.

Советот со 13 гласови „за“, едногласно одлучи дека му го продолжи мандатот на судијата за една година по неговото пензионирање заклучно со 23 август 2021 година.

Членовите на Советот, Виолета Богојеска и Лорета Ѓорѓиевска, коментираа за точката за продолжување на мандатот на Шахини. Ѓорѓиевска рече дека не може да се прејудицира одлуката за Шахини, особено во делот за почитување на пресумпцијата на невиност.

Шахини е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското езеро во Струга, со кои државата ја оштетил за над 200 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ