Супер Месечината над Македонија

Од:

На небото над небото над Македонија сјае Супер Месечина, а со дополнителна опрема видлива беше и Меѓународната вселенска станица која вечерва од 20 часот до 20 часот и 30 минути помина над дел од Балканскиот полуостров и медитеранот.

На фотографиите кои ги објави порталот Охрид1 направени од  Стојан Стојаноски од Астрономското друштво Охрид видлива е Супер Месечината во моментите кога изгрева над сртовите на планината Галичица, а десно од неа видлива е траекторијата по која се движи Меѓународната вселенска станица која е фотографирана со т.н. долга експозиција во траење од 4 секунди, па така на фотографијата отцртана е и траекторијата по која станицата поминувала на небото.

Супер Месечина настанува кога земјата и месечината се најблиску една до друга, а вечерва тоа растојание изнесуваше 356.991 километри.

Би можело да ве интересира

Братот на Мајли Сајрус ја обвини Кети Пери дека ја копира неговата сестра: Те испративме во вселената, не успеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Одбележан Меѓународниот ден на космонаутиката

Ана Ололовска

Македонија ја прославува Светската недела на вселената

Ана Ололовска

Македонија ја одбележува Светската недела на вселената

Ана Ололовска