СУГС „Здравко Цветковски“ освои 5. место на Годишното собрание во Италија

Од:

СУГС „Здравко Цветковски“ како главен координатор во Македонија на проектот за мир, и оваа година учествуваше на Годишното собрание во Италија и во конкуренција од деведесетина училишта го освои петтото место.

Како што информира Град Скопје, настанот годинава се одвиваше во Лињано, мало приморско гратче, а учествуваа училишта од Италија, Германија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија и други.

Темата на Годишното собрание беше интернет насилство. Средното училиште „Здравко Цветковски“ учествуваше со свој седумминутен настап подготвен од менторот, професорката Каролина Ивановска, а музиката ја подготви Горан Богданоски од групата 21:00.

– За целогодишната работа училиштето доби специјална пофалница за успешно организирани и спроведени хуманитарни и еколошки акции, хепенинзи и настани, информира Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски