СУГС „Орце Николов“ ќе добие нова, енергетски ефикасна фасада

Од:

Во рамки на големата акција за реконструкција на поголем број средни училишта што се во надлежност на Градот Скопје, продолжуваат градежните работи со кои СУГС „Орце Николов“ ќе добие нова, енергетски ефикасна фасада.

Градежниот проект што се реализира, се работи со согласност на Александар Смилевски, автор на оригиналниот проект за изгледот на СУГС „Орце Николов“, како и со Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Летниот период и летниот распуст секоја година се користи за голема реконструкција на училишните објекти, а годинава со неа се опфатени активности во 11 средни училишта во главниот град, и тоа: „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“.

За оваа намена се планирани речиси 60 милиони денари, од кои 46 милиони денари се за енергетско-ефикасни фасади, а преостанатите за санација на санитарни јазли, подови, врати, електрика, греење, во вкупно 11 училишта во градот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски