Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ потврди дека носи шверцерски закони на штета на образованието

Од:

Владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието на Република Македонија повторно и без присуство на опозицијата изгласаа нови измени на законот со кој го формираа новиот универзитет „Дамјан Груев“ . Измени донесени само две недели после изгласувањето на истиот, вели Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Со ова, власта само потврди дека закон донесен без претходни консултации,без финансиска конструкција и на шверцерски начин, нема долг рок на траење. За да биде апсурдноста поголема, за новиот универзитет, во ребалансот на буџетот за 2016 година, не е предвиден ниту еден денар!

Апсурдноста на законите коишто криминалната власт во заминување шверцерски ги носи во Собранието е на директна штета на образовнието.

Од овде, пред целата македонска јавност, уште еднаш сакам да го пренесам ставот на опозицијата.

СДСМ и коалиционите партнери се против буквалното уништување на образованието со несоодвтено „штанцање“ на универзитети коишто пред се имаат за цел вдомување на партиски кадри и послушници на власта.

Не смее да се дозволи вакви сериозни проекти од образованието да се носат на шверцерски начин, без при тоа да се запазат законските процедури, без поднесување на елаборати за нивно формирање и што е најважно, без потребната финансиска конструкција.

Потенцирам, после демократските промени на власта, образованието повторно ќе биде поставено на здрави нозе.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот