Сугарески: Низа проблеми околу изградбата на автопатот Охрид – Кичево

Од:

Прашањето околу проблемите со изградбата на автопатот Охрид – Кичево е актуелно, навистина има проблеми во изградбата на патот, и тие се посочени во извештајот на ЈП за државни патишта, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

dobivaj vesti na viber

– Проектната документација не е во согласност со реалноста што значи терен, има нестабилност на косините, сериозна бројка објекти за дислоцирање, тука зборувам за електроенергетски објекти, како и проблеми со експропријацијата, рече Сугарески.

Тој притоа нагласи дека Владата и ресорното Министерство прават се што е во нивна моќ за сериозното намалување на интензитетот на работа на градилиштето да биде зголемен, се со цел колку-толку да бидат запазени некои рокови, дел од кои се веќе пробиени како изградбата на автопатот Миладиновци – Штип што требаше да биде готов на 1 мај оваа година.

– Се што е во наша моќ ќе направиме да се отстранат тие проблеми, бидејќи за таа намена се издвоени огромна сума пари на граѓаните. Гледате дека и СЈО е заинтересирано и води истраги за тие автопатишта, така да ние сме зеле обврска дека автопатиштата ќе бидат изградени, рече Сугарески кој на охридскиот аеродром присуствуваше на пречекот на првите туристи од Полска кои ќе летуваат во Македонија.

Инаку, група од 144 работници од Македонија ангажирани од фирма-подизведувач за извршување градежни работи на автопатот Охрид-Кичево денеска штрајкуваа на градилиштето поради, како што рекоа, низа неправилности кон нив како доцнење во исплатата на личните доходи и непридржување на работодавците кон потпишаните договорите за работа.

Тие истакнаа дека веќе им се доцни со исплатата на платите за речиси два месеци, честопати работодавецот им закинува пари оддоговорените плати без какво било образложение, како и оти трудовата инспекција не води грижа за нивна заштита согласно одредбите на потпишаните договори.

Работодавецот прво им најавил дека на 16 јуни ќе им бидат исплатени заостанатите две плати потоа на 21, за последниот рок да им биде посочен 23 овој месец.

Тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот се додека не им бидат исплатени сите заостанати приходи, притоа барајќи од СВР – Охрид да им обезбеди услови за штрајк со блокирање на сообраќајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

Би можело да ве интересира

Државата потрошила 38,6 милиони долари само за провизии за автопатот Кичево-Охрид кој досега чини 684,7 милиони долари

Горан Наумовски

Првиот брод кој превезува житарици од Украина, по извршениот увид продолжува да плови кон Либан

А1он

Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид

Ана Ололовска

Бочварски: Преку капитални проекти го развиваме туризмот и локалната економија во Берово

Ана Ололовска

Започна асфалтирање на превојот Плетвар

Ана Ололовска

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година

Ана Ололовска