Министере Миновски, фамилијата на власт ви подметнала криминален буџет што треба да се користи за корупција на гласачите, му се обрати пратеникот од СДСМ Горан Сугаревски на министерот за финансии Кирил Миновски кој денеска ја обрзажуваше потребата од носење на буџетот за 2017 година во Собранието.
– 10 години бевте на власт, сега ли ова ќе го слушаме. 30 милијарди евра потрошивте, а сега ни читате капитални инвестииции најголеми во историјата. Ова е да се излаже народот дека наредната година ќе направите нешто. Сега ќе правите 140 градинки, што правевте 10 години? Зошто не кажавте дека 20 милиони траба да се дадат за панорамското тркало? На комисијата немаше дебата затоа што вие не бевте тука и отидовте во Вашингтон. Потпишавте 450 милиони обврзница. До каде ќе оди задолжувањето? ВМРО ќе ги изгуби изборите. Втори и трети сме биле во Европа, кој ви верува во тоа, народот тоне во сиромаштија и беда. Кажете им на граѓаните за какви капитални инвестиции зборите најголеми во 2017, парите од буџетот на граѓаните ги трошите на непродуктивни пари. Груевски се фати за СДСМ а него го вози возило од 600 илјади евра. На кое дереџе го донесовте здравството, се е на кредит, а парите се трошат ненаменски и криминално за фонтани и лавови, тоа треба да им го кажете на граѓаните. Ветивте брда и долини, 10 години го лажете народот, ништо нема да правите. Направивте доволно аман не правете повеќе. Од ВМРО се спрема најголемата историска лага што треба да се презентира за граѓаните да поверуваат и да гласаат за нив. Нема да гласаат граѓаните, искрадени се доволно. Кој ќе ги враќа долговите, еден проект не е реализиарн од буџетот, се е на кредит. После 11 декемрви буџетот ќе биде променет зашто е тешка фабричка грешка и најголема лага. Парите на граѓаните се буквално украдени од фамилијата и изнесени надвор, тоа го видовме од бомбите, 5 милијарди евра беа изнесени надвор. Сега го предлагате најголемиот буџет. За нас е важно да се распушти парламентот и да се стави крај на ова катастрофално владеење што никогаш нема да се повтори. Вакви хохштаплери и бандити никогаш нема да дојдат на власт – рече Сугарески.