Судскиот совет избра претседатели на три судови

Од:

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ги избра Љиљана Ивановска Шопова за претседател на Апелацискиот суд Скопје, Костадин  Петров   за  претседател  на Основниот суд  Радовиш и Емилија  Буриќ  Прошева  за претседател на Основниот суд Берово.

Во денешното соопштение од Судскиот совет е наведено дека за претседатели на транспарентен начин ги избра кандидатите кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на СС.

– Советот со гласање за претседатели ги избира кандидатите кои покрај другите услови и критериуми – истите во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот беа оценети со највисока позитивна оцена и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број бодови, се вели во соопштението.

Честитајќи им го изборот, претседателот на СС Бранко Ушковски од свое лично име и од името на  членовите на Советот, изразил надеж дека избраните претседатели ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО