Судскиот совет го испитува патувањето на судијата Лазар Нанев во Палермо

Од:

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на фудбалскиот натпревар на судијата Лазар Нанев. Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста информираат од Судскиот совет.

– Во врска со евентуално прекршување на етичките норми напоменуваме дека во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаме предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности се вели во соопштението од Советот.

Претседателот на кавадаречкиот суд како и министерот за правда Никола Тупанчевски и обвинителката Фатиме Фетаи беа во Палермо на квалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Италија. Дуелот го проследија од ВИП ложата.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието