Судскиот совет ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар

Од:

Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар од кривична област.

Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас.

Судијата Даут Рустеми од Основниот суд Гостивар, беше петорангиран, но со оглед дека првите тројца рангирани кандидати не го добија потребниот број гласови, а четврторангираниот ја имаше повлечено својата кандидатура, тој беше избран со 9 гласа „за“ и 3 гласа против.

Судијата Александар Милошески, од Основниот кривичен суд Скопје, беше шесторангиран, од вкупно 12 кандидати и со 10 гласа „за“ и 2 против, беше избран за судија во Апелационен суд Гостивар.

Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието