Со завршни зборови на Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судскиот процес за убиството на Ангел Петковски, кој беше убиен во 2014 година во скопската населба Ѓорче Петров.
Обвинетиот Насер Ештрефи, претходно, со одлука на Основниот кривичен суд Скопје, потврдена од скопска Апелација, беше осуден на 14-годишна затворска казна. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетиот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување.
По седум годни од убиството на Петковски, на 4 март беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање на одбраната на обвинетиот.
Случајот го води судијката Диана Груевска-Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот почна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.