Судски совет избра уште еден претседател на суд, па остана без струја

Од:

Емет Кранли-Али е избрана за претседателка на Основниот суд во Ресен, а за претседател на судот во Виница е избрана Сузана Спасова. Изборот за претседател на судот во Тетово е одложен. По разгледување на овие точки, Судскиот совет не можеше да продолжи со работа, бидејќи во зградата снема струја. Седницата траеше час и половина, по што беше прекината. Бидејќи зградата остана без струја, нефункционален беше и системот за гласање, како и системот за говорење.

На следната седница ќе треба да се изберат второстепени судии во Гостивар, како и судии за Кривичниот суд во Скопје и Штип. На таа седница, ќе треба да пензионираат и судија поради исполнување услови за старосна пензија. Ќе се формираат и комисии кои ќе треба да утврдуваат одговорност кај судија и претседател на суд. Истовремено, треба да се расправа и за претставки од граѓани.

На денешната седница, беше избран Иван Џолев за претседател на Кривичен суд во Скопје. Ова е негов втор мандат. Првпат беше избран во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно