Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Од:

Судскиот совет на денешната 481 седница поради исполнување на услови за старосна пензија донесе одлука за престанок на мандатот на судијката на Управен суд Дрита Мехмети и судијата на Основен кривичен суд Јане Тапанџиевски.

Одлуката за престанок на мандатите на Мехмети и Тапанџиевски заклучно 13.3.2024 година ја донесе едногласно.

Советот на денешната седница расправа и за донесување на Одлука за утврдување на бројот на слободни судиски места на X-та генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, додека на дневен ред е и постапувањето по приговор поднесен против решенија на Судскиот совет на Република Северна Македонија за престанок на судиска функција, за престанок на мандат на член на Советот и за престанок на работниот однос, Мери Радевска.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието