Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Од:

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за исчезнати, им биле вадени органи.

Во изјава за „А1он“, директорот на Институтот Александар Станков тврди дека се утврдуваат причините за смртта кај последните два случаи, 39-годишната скопјанка чие безживотно тело беше пронајдено во водите на Вардар и 35-годишниот скопјанец кој беше пронајден мртов во бездна во Нерези.

„Сме немале случај на некое починато лице да му недостигаат органи. Ниту кај 39-годишната жена, ниту кај момчето. Кај жената е извршена обдукција, додека за момчето анализите се во тек“, вели Станков.

И од МВР вчера ги демантираа информациите што се шират во јавноста и апелираа да не се шири паника кај граѓаните, откако на социјалните мрежи почнаа да се шират статуси дека на дел од исчезнатите лица при пронаоѓањето им недостасувале органи, односно дека можеби се работи за трговија со органи.

„Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста“, велат од МВР и потенцираат дека статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 отсто.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски