ВИДЕО: Судот повика Брза помош да утврди дали Јовановски може да го следи судењето, откако се жалеше дека едвај зборува и е под седативи

Од:

Бранителот на Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски бара одлагање на денешното рочиште за „Рекет“, бидејќи неговиот клиент „не е во состојба да го следи судењето“. Судијката Васка Николовска-Масевска, посочи дека од затворскиот лекар нема добиено известување од затворскиот лекар дека Јовановски не може да го прати судењето. По неколку обиди за убедување од страна на Дуковски да се одложи рочиштето бидејќи Јовановски не може да го следи, судијката даде предлог за половина час пауза со цел Јовановски да биде однесен со Брза помош на преглед и да се види неговата здравствена состојба.

„Јас како бранител на Бојан Јовановски пред се како човек сакам да ве известам за следново. Вие донесовте процесно решение за да се изврши конзилијарно мислење за тоа дали е во состојба да ги прати судењата. Во текот на денот беше однесен на Клиниката за гастро, не беше формиран ниту еден конзилиум, не беше прегледан од никого и по негово кажување, колку што можев да разберам, лекарот, некој си Арсим констатирал дека не може да се изврши конзилијарно мислење пред се поради тоа што нема медицинска документација и бидејќи истото се прави од повеќе лекари, а имало само дежурен лекар. Јовановски не е во состојба да го прати овој судски процес, барем не на денешното рочиште. Со него не сум се видел пет дена, а со него не можам да комуницирам ни денес бидејќи е неконтактибилен. Тој единствено ме извести дека трпи ужасни болки во пределот на абдоменот, а пред рочиштево му се дадени огромен број на седативи и средства за болки“, посочи Дуковски.

Судијката одби да го одложи рочиштето, објаснувајќи дека нема добиено информација дека тој вчера не е прегледан, ниту пак утрово добиле известување од затворскиот лекар дека Јовановски не може да ја следи расправата.

„Тој беше прегледан, како што јас сум информирана. Ќе добиеме допис во текот на денот. Од затворот не добивме известување дека тој не може да присуствува, како што беше вчера. Пративме уште едно барање од медицинската документација од прегледите до сега, за да се донесе заклучок од истата”, рече судијката Васка Николовска-Масевска.

„Едвај зборувам бидејќи сум под седативи. Имам огромни болки во желудникот. Вчера не бев прегледан конзилијарно, беше само еден доктор кој беше дежурен. Медицинската сестра сабајле ми даде ‘Блоксан’. Вчерашното мое носење е тортура“, рече Јовановски по што Дуковски рече „Очигледно не може да зборува, ве молам да ја санирате состојбата“.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов