Кривичниот суд одлучи дека за случајот „Тајвански кредити“ Васил Тупурковски и Јован Андонов не се виновни. Со судската одлука државата се упатува да започне граѓанска парница за да си ја надомести штетата и да дознае каде завршиле сите пари.
Првата пресуда беше три години затвор за злоупотреба на околу 2,4 милиони евра од тајванските кредити кои беа во надлежност на Агенцијата за обнова и развој каде Васил Тупурковски беше директор. Судскиот спор трае цели седум години.