ВИДЕО: Судот одлучи видео снимката за „Поткуп“ да се користи како доказен материјал против Зоран Заев

Од:

На денешното рочиште за случајот „Поткуп“ од судот на Зоран Заев и неговите адвокати им беше врачено решение со кое се одбива предлогот јавно објавените видео снимки да не се користат како доказни материјали против премиерот.

-Ние побаравме да не се користат како докази мерки кои што се јавно објавени на Јутјуб мрежата, а тоа се мерки од незаконско следење и верувам дека навистина не треба да се користат во постапката, рече Зоран Заев, по одложувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“.

Поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски пред неговото разрешување изјави дека ПИМ мерките на произлегле од обвинителството туку од МВР, но според Законот надлежен за чување и располагање со снимките како доказен материјал е само Јавното обвинителство и никој друг. Согласно ова, премиерот Заев рече дека нема да има никаква внатрешна истрага во МВР бидејќи тврдењата на Зврлевски дека снимките произлегле од ова ресорно министерство се неточни.

Заев исто така пред јавноста изјави дека го нема целиот видео материјал, но доколку го има веднаш би го објавил бидејќи, како што кажа, само доколку се ислуша целата снимка ќе се дознае дека видеото кое е поставено на Јутјуб е монтирано.

– Само ако се ислуша целата снимка ќе се дознае дека видеото е монтирано и е направено грдо да изгледа во целата јавност. Доколку го имам целото видео ќе го објавам за во најмала рака ако не го реши судскиот процес, барем да го обели мојот образ, рече премиерот Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

ВИДЕО: За да не му напишат казна побарале да ги почасти, полицајци снимени како земаат поткуп

Катерина Ѓуровски

Приведен косовски државјанин – дал поткуп за Турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми

Анита Петровска Рајковиќ

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

A1on

Странци пријавиле двајца полицајци дека им барале поткуп – поведена е дисциплинска