Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Од:

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се УСВОЈУВА предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – ЗАБРАНА на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје, информираше радковството на М-НАВ.

– Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос. М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија, се вели во соопштението од М-НАВ.

Би можело да ве интересира

Синдикалците да не шират паника, небото на смее да се „затвори“, предупредува М-НАВ по најавите за штрајк

Николоски: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

Расипаниот радар нема влијание на безбедноста, објаснуваат од М-НАВ

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ

Кривични за екс директор и раководител за јавни набавки во М-НАВ, направиле штета од 1,5 милиони денари