Судот ги одби гаранциите на пратениците Мукоски и Арнаудов да се бранат од слобода

Од:

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов и натаму остануваат во куќен притвор и нема да се бранат од слобода, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“.

Кривичниот совет на судот ги одбил понудените гаранции, со кои, адвокатите минатата недела побарале да им биде укината мерката куќен притвор на нивните клиенти.

„По ценење и одлучување кривичниот совет донел решенија со кои ги одбил барањата“, велат од Основниот суд Скопје 1 за „Макфакс“.

Од судот не откриваат за колкава висина на гаранциите станува збор. Некои од адвокатите кои се бранители на обвинетите, потврдија дека кривичниот совет на скопска единица им ги одбил барањата и рекоа дека вложиле жалба на решението до второстепениот суд и дека ставиле сè од имот што поседуваат обвинетите.

Јане Ченто, Никола Митровски Кољо и Александар Василевски-Нинџа и Митко Пешов, пак, исто така понудиле гаранција да излезат од притвор и да се бранат од слобода, но кривичниот суд ги одбил и нивните барања, па сега, и тие имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје. Митко Пешов, суспендираниот началник во МВР, понудил гаранција од приближно 280 илјади евра, но не му била прифатена.

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков излезе на слобода со гаранција од приближно 600 илјади евра, откако претходно Апелацискиот суд ја потврди одлуката на првостепениот суд.

Чавков понуди гаранција од недвижнини, куќи, станови, деловен простор и ниви во Струмица и Скопје, негова лична и сопственост на блиски роднини и пријатели.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски