Судир помеѓу два автобуси и две возила на локалниот пат Банско – Муртино

Од:

Вчера во 14 часот и 20 минути на локалниот пат Банско – Муртино, се случила сообраќајна незгода помеѓу два автобуси со штипски регистарски ознаки, теренско моторно возило со струмички регистарски ознаки и патничко возило со струмички регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.М., возач на теренското возило, кој бил пренесен и задржан на лекување во медицинскиот центар во Струмица, а со телесни повреди се здобиле и сопатник од патничкото возило како и 13 патници од еден од автобусите, кои по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он