Судијката го прифати барањето на Јанева, следното судење закажано за в четврток

Од:

Судијката Васка Николовска – Масевска одлучи да го прифати барањето поднесено од Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев за одложување на денешното рочиште, а наредното го закажа за три дена од сега, односно за во четврток. Следното рочиште ќе се одржи доколку адвокатите не поднесат ново барање за одлагање, а судечкиот совет го одобри.

Одлагањето на „Рекет“ е по барање од адвокатите на Јанева кои навеле дека таа има хронична болест за која Владата препорача седење дома бидејќи станува збор за ризична категорија на граѓани, со цел превенција и заштита од ширење на коронавирусот. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагањето е одобрено и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати кој имал респираторни проблеми.

Со одобрување на барањето од адвокатите на Јанева, судијката Николовска – Масевска го отповика барањето за спроведување на Јанева од куќен притвор.

На следното рочиште во четврток повторно ќе бидат повикани обвинителите од СЈО, кои треба да сведочат за „Рекет“ по предлог на Јанева. Во текот на судскиот процес ќе треба да сведочат 13 обвинители, меѓу кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов