Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 мај

Од:

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 мај откако денеска во Основниот кривичен суд во Скопје заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски кој негираше насилни кривични дела и изјави дека според него мотивот за убиство е нелогичен и недокажан.

По неговото сведочење, судијата Ивица Стефановски се изјасни по повеќе барања на обвинетиот Палевски кои биле доставени во текот на постапката. Судот информираше дека прифаќа да се прибави видеозапис од експозитурата на Халк Банка за ден 27.11.2023 година од 9 до 12 часот. Не се прифати барањето да се повикаат како сведоци двата вештаци кои ја вештачеле чаурата, затоа што барањето не било доставено на време, согласно Законот за кривична постапка. Беше прифатено да се изведе како доказ чаурата пронајдена на местото каде што е убиен Панче Жежовски.

Судијата информираше дека денеска е доставен поднесок од бранителот на Палевски, адвокатот Јовица Страшевски, со други поднесоци во прилог, за кои рече дека Судот има потреба од дополнително време за да го разгледа.

На 16 мај се очекува да заврши доказната постапка и да се почне со дополнение на доказната постапка.

Во текот на распитот, Палевски, кој претходно негираше каква било врска со насилни кривични дела, денеска повторно изрази уверување дека целиот процес е политички прогон против него. Во однос на мотивот за убиството, Палевски ги негираше сите обвинувања, посочувајќи дека не постојат докази кои ја поткрепуваат тврдењата на обвинителството.

Неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски и бранителот на обвинетиот Боре Видевски, Бојан Манев, во изјава за медиуми денеска истакнаа дека како дел од дополнението на доказната постапка ќе бараат и реконструкција на настаните, поради тоа што, како што посочија, многу работи во досегашниот процес останале неразјаснети.

Би можело да ве интересира

Заврши сведочењето на Љупчо Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

А1он

Палевски: Целиот процес е „конструиран политички прогон“, УБК ме местеше за наводен атентат врз Заев

Мицкоски: Подрумот на Левица не ќе да е подрум, туку приземје кое се споменува во случајот за убиствата на Вања и на Панче

Катерина Ѓуровски

Адвокатот на Палевски тврди: Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена

Палевски: Доказите против мене се фалсификувани, нецелосни и манипулативни

Манев: Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција

Горан Наумовски