На 3 декември почнува судењето за „Рекет“

Од:

Предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска. Првото рочиште е закажано за 3 декември 2019 година во 10 часот.

Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судијката Николовска – Масевска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева