Судењето за расипаните пилиња и полутки, од кое државата 11 години не може да наплати 20 милиони евра, одложено за октомври

Од:

Поради промена на адвокатот на обвинетиот и неприсуството на јавниот обвинтел, судијката Оља Ристова, за 30 октомври го презакажа судењето за расипаните пилиња и полутки, од кое државата 11 години не може да наплати 20 милиони евра, соопштија од кривичниот суд за „Макфакс“.

На денешното рочиште, обвинетиот Ванчо Пеловски, ексдиректор на Бирото за стокови резерви, пред судот изјавил дека ќе го застапува друг бранител и дека поради подготвката на одбраната му е потребно време. Причината поради која е закажано рочиште по речиси 4 месеци е што по судската ферија, термините за судење на судијката биле исполнети и ова бил најблизок слободен термин за судење. Судијката го презеде предметот од неодамна од нејзината колешка, Џенета Бектовиќ.

Во обвинението на скопското обвинителство пишува дека обвинетите префрлале пари на сметки на домашни и странски фирми, иако стоката не била целосно испорачувана. Сега пензионираната обвинителка Драгица Михајлоска, во март 2005 година до кривичниот суд во Скопје поднела обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување против тогашниот директор на Бирото за стокови резерви, Ванчо Пеловски, и против Димитар Марковски, директор на ТД „Рудине“, како и против Методија Смиленски, кој тогаш не им бил достапен на органите на прогонот. Според обвинението, Пеловски и Марковски им овозможиле на странски и домашни фирми од 1999 година до крајот на 2002 година противзаконски да заработат приближно 1 милијарда и 200 милиони евра.

Во 1999 година првообвинетиот Пеловски донираната хуманитарна помош – смрзнати пилиња од Грција во Македонија во количина од 1500 тони, која Бирото требало да ја дистрибуира, ја продал на фирмата ТД „Рудине“ по принципот „видено-продадено“. Откако Димитар Марковски, директорот на ТД „Рудине“, му доставил записници за извршена контрола, бил избришан долгот кон Бирото за стокови резерви, за пилињата кои биле пријавени како расипани. Во одбраната, Пеловски тврдел дека било пракса да не се вршат проверки дали е примена целата количина месо.

Во серијата од 6 точки на обвинението, е наведено и дека во 2002 година Пеловски склучил договор со австриска фирма за набавка на 1000 тони смрзанти свински полутки за потребите на Бирото за стокови резерви. Биле склучени дополнителни договори според кои исплатата се врши директно до добавувачот. Обвинетиот уплатил аванс на австриската фирма, но биле испорачани само 467 килограми свинско место, а до Бирото биле доставени фактури за целата авансно платена количина месо. За неа, во светиниколската фирма „Фриго-Мак“ биле сочинети фиктивни приемници. Пеловски дал налог да се исплати целиот износ, иако фирмата ја нема испорачано целата количина свинско месо.

Првообвинетиот Пеловски за „Макфакс“ пред неколку месеци не сакаше да коментира ништо за судскиот процес. Изјави дека се смениле многу судии и обвинители и дека додека не биде донесена правосилна судска пресуда, не сака да коментира.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Отфрлен важен случај против Трамп

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

Утре почнува судењето на родителите на Коста кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“

А1он