Судењето за 27 април прекинато, му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ

Од:

Судењето за упадот во Собранието на 27 април минатата година е прекинато затоа што му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ. Судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час.

Пред да биде прекинато судењето, исказ како сведок даде пратеникот Ферид Мухиќ. Тој рече дека имал блиска средба со еден од напаѓачите во Собранието на 27 април 2017 година.

„Го фрли тркалото од ногалката од металното столче, јас се наведнав и тркалото се распадна во ѕидот“, сведочеше Мухиќ.

Пратеникот рече дека напаѓачот бил неверојатно силен и прецизен како атлета и го гледал со омраза иако почувствувал дека нема ништо лично против него.

„Добив впечаток дека станува збор за команден штаб, бидејќи разговараа хиерархиски со наредби“, се присети Мухиќ. Според него, присутните прашувале што станало со Зијадин Села и откако добиле одговор дека е готов, некој прашал: „Што е со останатите?“

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски