Судењето против медицинската сестра од Онкологија одложено за четврти декември

Од:

Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје.

– Главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано со работењето во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија Скопје, се одложи, стои во соопштението од Кривичен суд.

Причина за одлагањето, како што констатира Судот, е тоа што Јавниот обвинител не примил уредна покана заради штрајк на јавно обвинителската служба, како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием.

– Присутен на расправата беше адвокат на обвинетата, ангажиран од семејството, со уредно полномошно, дополнуваат од Кривичен.

Според обвинението, обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59 760 денари кои ѝ биле доверени во службата. Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен