Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше опожарената дискотека

Од:

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обединување Рубикон Секјурити солушнс, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и не преземени обврски.

Во судница беше презентирана Дозвола за работа на Рубикон и листата на вработени, од која, како што посочи Обвинителството, во агенцијата биле вработени Јане Јанчевски, Мартин Георгиев, Лазар Захариев и Стојанчо Димитриев. Георгиев, Захариев и Димитриев имале лиценца за обезбедување, додека лицето Ивица Грозданов не.

Обвинителството изведе и фото-документација и докази обезбедни од претрес на канцеларијата на Рубикон и одземената документација.

На почетокот Судот до Обвинителството достави предлог од одбраната на обвинетите на Александар Нацев и Јане Јанчевски, да не се изведуваат доказите кои произлегуваат од изготвена анализа за присуство на метаболити во крв и урина кај обвинетите, како незаконити и нерелевантни.

Одбраната реагираше дека имајќи предвид дека овој доказ засега во приватната сфера на обвинетиот и прашањето е зошто е релевантно да се изведе таков доказ обезбеден три месеци по критичнит настан, со оглед дека Нацев ниту бил на место на настанот во критичниот момент.

– Се противам на изведување на овој доказ како ирелевантен за предметот и не утврдува факти релевантни за кривично правниот настан – изјави адвокатот на Нацев.

Обвинителството посочи дека овој доказ е обезбеден со наредба на ОЈО Скопје и е доставено до ОЈО Кочани со писмен допис од 27 јуни 2025 година и е предложен во листата на докази за обвинетиот Александар Нацев.

– Овој доказ е обезбеден на законит начин и е предложен со доказите за обвинението против Александар Нацев – образложи Обвинителството.

Судот, побара да се продолжи со изведување на останати докази, по што ќе се произнесе за и по нивното изведување.

На почетокот обвинетиот Шабан Салиу, екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, изведе забелешка по изведените докази на минатото рочиште, посочувајќи дека не бил изведен ниту еден доказ од кој произлегува дека тој како директор на ДЗС во периодот 2012 2017 година можел да претпостави и се согласил дека во објектот на дискотеката „Пулс“ на 16 март ќе се случи настанот за кој е обвинет.

– Од изведените докази произлегува дека инспекциските контрола можела да се врши исклучоци врз објекти за кои ДЗС била известена дека постојат. ДЗС не била известена дека објектот „Пулс“ постои. Од ниту еден доказ не произлегува дека директорот на ДЗС во периодот 2012 – 2017 година имал законска обврска што изречито го обврзува да распореди инспектор за заштита и спасување во Општина Кочани. изјави Салиу.

Адвокатот на Аднан Џаферовски, изјави дека сето тоа што го кажал Салиу, важи и за него како обвинет и е точно од збор до збор, само перидот е од 2017 до 2021 година .

Судењето се наоѓа во доказна постапка со изведување на материјални докази од Обвинителството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката

ВИДЕО: „Не го оставаат гробот на мојот син“ – таткото на загинатиот тапанар од ДНК реагира на 14 кражби од гробот на Ѓорѓи

Катерина Ѓуровски

Наунов со остра реакција: Не може смртта на 63 деца да се сведе на „несреќен случај“

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он