Субвенции за купување велосипеди во Општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди, а јавниот повик почна од 1 октомври и ќе трае до 30 октомври 2020 година.

– Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, а едно лице може да поднесе едно барање за добивање надоместок за еден велосипед, соопштија денеска од Општина Аеродром.

Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2020 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 30 октомври, се појаснува во соопштението, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Целта на овој проект, посочуваат надлежните, е да се поттикнат граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина.

Барање за надоместок може да се подигне во архивата на Општината или да се симне од интернет-страницата на Општината.

– Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за купување велосипеди“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени