Студентското радио на УКИМ бара водители, новинари и музички соработници

Од:

Универзитетско радио Студент ФМ 92.9 со отворен повик бара водители, новинари и музички соработници. Тие треба да бидат креативни, комуникативни и мотивирани студенти на УКИМ кои сакаат да придонесат за програмата на Студент ФМ 92,9 – радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

– Потребно е основни познавања од MS Office, пристојно познавање на македонскиот јазик и правопис, како и желба за активно вклучување во програмата и дружење. Студент ФМ 92.9 – Универзитетско радио ви овозможува да стекнете вештини на правоговор, однос пред микрофон, техники за дишење и читање, пишување вест, сценарио за емисија, снимање интервјуа, дебатни и образовни емисии, тематски прилози, аудиомонтажа, интеракција со соговорници, гости и слушатели. Редакција е отворена за сите љубопитници кои имаат афинитети кон радиото како медиум, наведено е во повикот на Студент ФМ.

Заинтересираните треба да пратат биографија и мотивациско писмо на имејл: [email protected].

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска