Студентските домови отвораат, објавен распоред за вселување

Од:

Државниот студентски дом „Скопје“ објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“. Тие отвораат денеска согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да примаат со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.

Согласно со протоколите,  капацитетот во студентските домови во Скопје е 2080 места, а досега вкупно се примени 1614 студенти. Во  соба со две легла ќе се сместува еден студент, а во соба со повеќе од две легла ќе се сместуваат најмногу двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе има бесконтактни диспанзери за дезинфекција. Ќе биде забрането користење на заедничките простории, а во мензите масите ќе бидат оддалечени два метра и на секоја ќе може да бидат максимум по двајца студенти.

Министерката за образование и наука Мила Царовска завчера соопшти дека има и дополнителни слободни места за сместување на студентите доколку во следниот период некои факултети го променат начинот на изведување на наставата.

До 10 октомври трае и пријавувањето на интернет платформата  www.digitalizirajse.mon.gov.mk  за еднократен износ од 6.000 денари за студенти од ранливи категории кои ги исполнуваат условите. Средствата може да ги искористат за сместување, но исто така и за партиципација за студиите.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Владата издвои пари за подмирување режиски трошоци на 19 студентски и ученички домови

Жарко Настоски

Студентските домови со редуциран број станари, надомест за оние кои нема да бидат примени

Ана Ололовска

Владата ќе им плаќа приватно сместување на над 1.200 студенти кои поради мерките ќе останат без место во домовите

Жарко Настоски

Продолжен рокот за аплицирање за сместување во студентските домови

Ана Ололовска

Намален бројот на ученици и студенти сместени во домовите и интернатите

Ана Ололовска