Студенстки пленум најавува, повикувајќи се на: Третиот пленумски закон, најавува „За секоја владина акција, постои соодветна пленумска реакција.“
Еве што напиша Студентски пленум:
Случајна реакција на конкретна ситуација.
Третиот пленумски закон вели „За секоја владина акција, постои соодветна пленумска реакција.“
Веќе цела година нè заокружуваат, нè етикетираат и нè лажат. Се обидуваат да ни ја одземат моќта и гласот кој го имаме. Затоа одлучивме да бидеме погласни од било кога.
Високото образование ни го сведоа на соголен костур, се обидоа да ја спречат нашата академска слобода за интелектуално развивање и креативно достигнување. Сакаат од нас да направат роботи и слуги на нивниот режим.
Ние имаме морална одговорност и должност да не ги почитуваме нивните неправедни правила. Нашите животи завршуваат во моментот кога ќе станеме тивки за работите кои се важни.
Ние, студентите, сме многу повеќе од број. Ние сме многу повеќе од тоа што бараат да бидеме. Време е да ви ја покажеме нашата креативност, упорност, интелект, но највеќе од сè, нашиот млад, чист и неуморен дух за просперитет!
АД ХОК ФЕСТИВАЛ е тридневен мултимедијален студентски настан кој ќе се одржува на Платото на УКИМ со почеток на 10 декември, точно напладне.
Ќе настапуваат: Новиот Почеток, The John, PMG Collective, Bandix, Rover’s Hangover, Визија, Funk Shui, Bona Dea, Зад Аголот, Ексцес, DJ Irie Scratch, DJ Ilina Angel, DJ Goce Saf, DJ UX…
За време на концертите, во аулите на четирите факултети ќе бидат изложени цртежи и фотографии на студенти и уметници, а ќе бидат организирани и алтернативни предавања и работилници. (Повеќе детали наскоро)
НАПОМЕНА: Се замолуваат сите посетители, да ги почитуваат основните принципи на Студентскиот Пленум: ова е надпартиски, надетнички и наднационален настан. Ве молиме да нема повици за насилство, за да не се загрозува нашиот академски дом!
Деталната агенда ќе биде објавена наскоро.
#ПоздравПленумци
#АдХок