Студентски пленум: Студентите живеат во руини, ама затоа палмите имаат тушеви

Од:

На почетокот на академската година, Студентскиот пленум денеска организираше прв пленумски час со намера да ги запознаат новите студенти, бруцошите со проблемите со кои ќе се соочуваат за време на нивното студитање.

– Ние сме тука да ги интегрираме во Студентскиот пленум и да порачаме дека Пленумот ја продолжува својата борба и оваа година. Ние сакаме да ги отвориме сите студентски прашања кои има потреба да се отворат, а кои се уште никаде не се спомнуваат во нашето општество, рече Демијан Хаџи-Ангелковски од Студентскиот пленум

12016446_10207779900190684_614983757_n

Студентскиот пленум порача дека и оваа година, силно и моќно продолжува да се бори против сите проблеми што ги имаат студентите, како нереновираните студентски домови и намалениот студентски стандард.

– Најголем проблем се руинираните студентски домови во кои живеат секојдневно нашите колеги кои доаѓаат од другите градови. Тие имаат руинирани студентски домови, но палмите имаат тушеви, тоа за нас ќе биде примарниот проблем. Исто така, проблем е Студентскиот парламент кој што не сака да ги брани правата на студентите, додаде Хаџи-Ангелковски.

Од Студентскиот пленум велат дека има голем интерес кај бруцошите да се зачленат во пленумот, а дел од нивните барања се попусти во книжарниците, да се формира Центар за работа, попусти за културни настани, пристап до датабази со статии и трудови.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Студентски Пленум: УКИМ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ

Ана Ололовска

Злоупотребено името Студентски Пленум: Формирани две здруженија со името на Пленумот од непознати лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Референдум: Над 2.000 студенти побараа контрола на парите на Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

А1он

Студентскиот лидер трошел илјадници евра, пари на студентите за авионски билети, телефонски сметки и забави

А1он

(ВИДЕО) Според Чавков не е употребена физичка сила за време на изборот на студентски лидер

А1он