Студентски пленум: Не гласај крадено

Од:

Студентскиот пленум повикува да се бојкотираат изборите на Студентскиот парламент на УКИМ.

„Ги повикуваме студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ на 30 јуни. Со бојкотот, сите заедно испраќаме најсилна порака: Нема да дозволиме криминални избори за студентски претставници, додека студентите не се на факултетите, испитните сесии се завршени или студентите се отидени на Work & Travel.

Бојкот – затоа што сакаме вистински студентски претставници, а не марионети!

Додека ние протестиравме – СПУКМ молчеше. Додека ние алармиравме за мизерните услови во студентските домови – СПУКМ немо набљудуваше. Додека ние говоревме за подобро, а не квази образование – СПУКМ и неговите челници мислеа за својот џеб, за својот интерес!

Од едната страна сме сите ние, студенти, кои сакаме реконструирани студентски домови, бенефиции за млади во реалноста – а не на рекламите, сите ние кои сакаме достоинствен живот, со повисок студентски стандард.

Секојдневно ќе не гледате, ќе имаме голем број на активности, кои ќе резултираат со една работа – масовен бојкот на 30 јуни од страна на студентите!“ пишува на фејсбук страницата на Студентски пленум

Студентскиот пленум ги повика двајцата кандидати за лидер на Студенсткиот парламент, Стефан Василевски и Давор Поповски, да се откажат од изборите. Студентски пленум тврди дека овие избори за СПУКМ се нелегални, бидејќи се спроведуваат според нетранспарентен правилник донесен минатата година, а спорен е и 30 јуни како термин за одржување бидејќи тогаш се отустни повеќето од студентите.

Би можело да ве интересира

Студентски Пленум: УКИМ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ

Ана Ололовска

Злоупотребено името Студентски Пленум: Формирани две здруженија со името на Пленумот од непознати лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Референдум: Над 2.000 студенти побараа контрола на парите на Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

А1он

Студентскиот лидер трошел илјадници евра, пари на студентите за авионски билети, телефонски сметки и забави

А1он

(ВИДЕО) Според Чавков не е употребена физичка сила за време на изборот на студентски лидер

А1он