Студентски пленум: Доста беше! Време е да се бориме за нашите права

Од:

Студентскиот пленум најавува собир пред платото на УКИМ за една година постоење на Студентскиот пленум.

„Токму на овој датум пред една година беше првата студентска средба на која стотина студенти јасно и гласно кажаа „НЕ“ на најавениот Закон за високо образование. Истиот тој закон беше изгласан преку ноќ, но успеавме на крајот да го одложиме. Би сакале да ги потсетиме нашите колеги дека секој студент има право да учествува во создавањето на политики кои го уредуваат неговото студирање. Веќе не смееме да бидеме пасивни!“стои во повикот на Студентски пленум за собирот пред платото на УКИМ, на 22 октомври, за одбележување на една година од почетокот на студентското движење.

Студентскиот пленум е неформална организација во чие јадро се борбата за студентските права и транспарентноста, што нè разликува од пасивноста на Парламентот. Идејата на пленумот е да има хоризонтална наместо хиерархиска структура, што значи да нема лидери, односно не постои никаков авторитет на поединец или група поединци над другите. Иако студентите се организираат во интерни пленуми за полесно комуницирање и адресирање на локалните проблеми, сепак, основна единка во пленумот претставуваат студентите.

studentplenumgodina

Законот за високо образование беше изгласан преку ноќ, но успеавме да го одложиме. Би сакале да ги потсетиме нашите колеги дека секој студент има право да учествува во создавањето на политики кои го уредуваат неговото студирање. Веќе не смееме да бидеме пасивни!

Штета е што политичките лидери не можеа преку ноќ да изгласаат и дека ќе ги средат руинираните студентски домови во кои живеат нашите колеги. Штета е што истите тие изгласаа дека е поважно палмите да имаат тушеви отколку студентите. Штета е што студентскиот стандард е мизерен, а истовремено милиони денари се инвестираат во споменици, тркала и бродови кои не пловат…

Епа колеги, доста беше! Време е да се бориме за нашите права. Партизираниот Студентски парламент сигурно нема да го стори тоа за нас.

Придружете ни се на еден од наредните Генерални пленуми, или пак приклучете се во некој интерен пленум од факултетите!

Ве повикуваме повторно да го омасовиме студентскиот пленум и заедно да се бориме за нашите студентски права! Дојдете и приклучете се! “, пишува во повикот на Студентски пленум.

Би можело да ве интересира

Студентски Пленум: УКИМ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ

Ана Ололовска

Злоупотребено името Студентски Пленум: Формирани две здруженија со името на Пленумот од непознати лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Референдум: Над 2.000 студенти побараа контрола на парите на Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

А1он

Студентскиот лидер трошел илјадници евра, пари на студентите за авионски билети, телефонски сметки и забави

А1он

(ВИДЕО) Според Чавков не е употребена физичка сила за време на изборот на студентски лидер

А1он