Студентите пред институциите побараа независни и функционални студентски парламенти

Од:

Денеска, на тркалезна маса во хотелот Солун, студентите ги споделија своите препораки за студентското организирањепроизлезени одспроведени консултации на четири универзитети.

На настанот организиран од Младински образовен форум и Фондација Отворено општество – Македонија говореа: Министерката за образование и наука Рената Дескоска, пратеникот Петар Атанасов, Споменка Лазаревска – Програмска директорка во ФООМ, Деа Здравковска од Студентски пленум, Фани Димоска од студентската организација ЕЛСА и Дона Костуранова и Теодора Столевска од МОФ.

„Со новото студенстко организирање ќе ги отвориме вратите на демократијата во амфитеатрите и аулите со цел да се чуе гласот на студентите. Амфитеатрите се школи за демократија, искуството што ќе го стекнат студентите низ ваквите демократски практикиќе ги научи како понатаму да се борат и да ги застапуваат своите права. Мојата цел ќе биде автономија во однос на сите и во однос на слобода на истражување, слобода на мисла и се она што значи автономија во рамки на универзитетот. Новото тело треба да биде тело во рамки на универзитетот ослободено од секакви партиски влијанија“, изјави Проф д-р. Рената Дескоска.

„Може да се каже дека студентските парламенти се елитистички форми кои опстојуваат на универзитетите и до кои не може да се допре од страна на студентите. Статутот на уким не го објаснува поимот на само-организирање и останува прашањето: Зошто статутот на УКИМ навлегува во работењето на една невладина организација? Сите сме свесни на кој начин се одвиваа последните избори и колку беа демократски, а нашиот став е дека студентското организирање треба да биде подостапно за студентите и потребни се механизми преку кои ќе се врши поголема контрола врз неговата работа“, рече Фани Димовска, ЕЛСА

„Студентското организирање ја отвори пандорината кутија на УКИМ. Наназад се покажа дека Универзитетот не сака да им помогне на студентите. Оние студенти кои седат во студентскиот парламент и ги бранат правата на студентите, треба да бидат и одговорни. Студентскиот парламент мора да биде тело во рамките на универзитето, затоа што така ќе добиеме поголема кохезија и студентите треба да знаат што е право на глас односно да научат да го користат а при тоа да не бидат тепани од комисиите, како што се случи минатиот пат.Се надевам дека ова е последна конференција на која се зборува за студентското организирање и дека конечно ќе почне нешто да се менува“, кажа Деа Здравковска, Студентски Пленум

„Процесите постојано течат, ако во една точка сме задоволни од нешто, во следна или касниме или имаме простор за подобрување. Нашето општество не го положи испитот во однос на младите, или заборавивме или не сакавме да размислуваме за младите – особено сегметот за студентското организирање. Општеството немаше вредности кои младите ги учеа, или младите учеа погрешни вредности. Сите заедно и на ист терен мора да изнајдеме решение“, изјави Петар Атанасов, пратеник во Собранието на РМ

Препораките добиени од студентските консултации се дека студентските избори треба да бидат поинакви од досега и на нив да може да се кандидира секој студент. На изборите наместо да се гласа само за студентски претседател, студентите да можат да гласаат и за сите студентски пратеници во парламентот, со што студентското тело би станало вистински, а не само фигуративен парламент.

Студентите сакаат студентските тела да бидат тела во рамки на универзитетот наместо како досега посебно регистрирани субјекти кои не носат одговорност пред академската заедница.

Важна препорака има и за распишувањето избори: се обврзува претседателот на студентското тело да распише избори по истекот на мандатот, а доколку не го направи тоа, изборите ги распишува ректорот или деканот на институцијата. Поради немањето на ваков услов во минатото последните избори доцнеа 2 години.Со препораките парламентите се обврзуваат да гиконсултираат и известуваат студентите за своето гласање во органите на универзитетите и факултетите. Моделите на организирање треба да бидат адаптирани за секој универзитет, а студентите да можат да изберат кој модел најмногу одговара за нивната високообразовна институција.

Студентското организирање е круцијален дел од високото образование во Македонија. Во состојба на немање функционално тело кое ќе ги застапува студентите, се појавуваа студентски движења кои сами делуваа – од кои најзначајна улога имаше Студентскиот пленум. Контроверзните избори за нов Студентски претседател на УКИМ во 2016 беа краен знак за проблемите во студентското организирање – распишани нелегално, вон академската година и проследени со полициска реакција врз студентите. На нив им претходеше пречекорување на мандатот на претходниот претседател.

Пасивната улога на студентскиот парламент при промените во високото образование, противуставното наплаќање членарина од студентите, нетраспарентното работење, контроверзните избори и неинформирањето на студентите за улогата на парламентот се клучните случки кои ги претставија проблемите на постоечкиот модел на студентско организирање. Затоа новиот Закон за високо образование мора да го опфати и реформира студентското организирање и да ги отстрани проблемите поради кои не функционираше во минатото.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат