Студентите на ФИНКИ работеа на „Serverless Computing on Azure“ со Мајкрософт Македонија

Од:

Работилницата на тема „Serverless Computing on Azure“ која викендов се оддржа во амфитеатарот на ФИНКИ ги запозна студентите од сите четири години за тоа како функционира новиот напредок на Мајкрософт кој овозможува работење од еден компјутер на повеќе сервери и притоа го намалува времето за работа.

На агендата беа предавањата на Дарко Милески и Миле Грујовски кои подолго време работат како програмери.

Милески вели дека овие предавања им помагаат на студентите да го намалат времето за креирање на одлични апликации бидејќи сега новите иновации како што се „Serverless Computing“ преку „Cloud“ помагаат да се работи во речиси реално време. Овој чекор кон поголема ефикасност им остава простор на програмерите за повеќе истражување и надградување отворајќи им го патот кон откривање на нови чекори кои ќе помогнат во напредокот на ИТ светот.

Ваквиот начин на функционирање и создавање на апликации со кои се решаваат реалните проблеми дава до знаење дека технологијата го шири својот спектар на решенија за одредени проблеми, а воедно оспособува нови млади лица кои ќе се вклучат во IT светот.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска