Студентите бараат поништување на изборите за нов ректор на УКИМ

Од:

На денешната седница на Ректорската управа на која се избираа двајца од вкупно шест кандидати за нов ректор на УКИМ не присуствуваа претставници на студентите.

Откако на претставниците на Студентскиот пленум им беше забрането да влезат на седницата, иако статутот на Универзитетот предвидува јавност на седницата, тие поднесоа претставка до Државниот просветен инспекторат, заради тоа што е прекршен Законот за високо образование со неучеството на ниту еден студентски претставник на денешната седница на која се избираа кандидатите за нов ректор.

– Револтирани од однесувањето на институциите кои треба нам да ни служат, почнвајќи од нелегално и нелигитимно, значи непостоечко студентско претставништво, самиот Универзитет кој е апатичен во целиот овој процес и повеќекратното кршење на статутот на УКИМ, ние денеска дојдовме да ги дадеме нашите барања

orhan sulejmani

Студентите бараат да се поништат изборите за нов ректор на УКИМ поради непостоење на легални студентски претставници кое е загарантрано при избор на ректор. Второ наше барање е Универзитетот да се активира во изорот на легитимни студентски претставници. Имаме индиции дека претседателот на Студентскиот парламент Кирил Спирковски го прекршил кривичниот законик, односно членот 353 – злоупотреба на јавна служба и должност, преку менување на правилникот за избор на студентско претставништво.

– Бараме тој правилник, во најкраток можен рок да биде јавно достапен, рече Орхан Сулејмани од Студентскиот пленум.

Последните избори за членови на Студетскиот парламент се одржале во 2012 и нивниот мандат истекол во 2014 година.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски