Студенти од Дипломатската академија во Виена во посета на МНР

Од:

Во посета на Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Македонија, престојуваше група од 62 студенти од 22 држави од Дипломатската академија од Виена, предводени од директорот на акдемијата д-р Ханс Винклер и австриската амбасадорка Ренате Коблер, соопшти денеска МНР.

Во амфитеатарот на МНР воведно обраќање имаше министерот Никола Попоски, кој ги запозна гостите со позициите на Република Македонија во однос на нашето членство во ЕУ и НАТО, а потоа следеа обраќања на директорот Винклер и амбасадорката Коблер.

Како што се наведува во соопштението, во интерактивна дискусија со студентите, беа елаборирани позициите на Република Македонија во однос на актуелните случувања и предизвиците со кои се соочува регионот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија