Студенти креираа факултетски распоред на „Станица: Студентска 7.0“

Од:

Целодневна интерактивна програма со алтернативни предавања, работилници, саем за вмжрежување на младински и студентски организации и креативни активности денеска понуди Младински образовен форум (МОФ) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во рамки на седмото издание на настанот „Станица: Студентска7.0“. Ова е еден од настаните со кои годинава Младински образовен форум го одбележува 20 роденден.

„Станица: Студентска7.0“ е во рамки на Проектот за образовни центри и алумни стипендистите на Фондациите Отворено Општество.

Целта е да се обезбеди простор за современи предавања на студентите, простор за информирање за организациите, учество во работилници и размена на искуство и познанства.

На настанот имаше предавања за енергетика, медицина, филозофија, политика, право, земјоделските науки и вештачка интелигенција. Се зборуваше на теми како: Иднината на човештвото, вештачката интелигенција, Демократија и револуција, покорност кон авторитет, па се до: правата при претрес на улица, правење пиво и вакцините во современото здравство.

Дел од организациите кои имаа свој штанд на настанот беа Национален младински совет на Македонија, ХЕРА, ЕМСА, ИАЕСТЕ, „Младите можат“, КРИК, Истражувачко друштво на студенти биолози, Правната клиника при Правниот факултет „Јустинијан Први“, АИЕСЕК, ЕЛСА, СКЕЕОР, „Youth Peer“ и други студентски и младински здруженија.

На настанот присуствуваа Леана Таќи, Јанаки Митровски, како и професорите: Игор Трајковски, Владимир Петрушевски, Ристо Солунчев, Ненад Марковиќ и Владимир Давчев и претставници од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Македонската медицинска студентска асоцијација, како и студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Би можело да ве интересира

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

МОН: Поедноставено аплицирањето за финансиска поддршка на ученици и студенти во рамки на новиот пакет антикризни мерки