Студено утро, температури до 20 степени во текот на денот

Од:

Утрово времето е студено, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 17 степени.

Според прогнозата на УХМР, во текот на ноќта кон понеделник и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.

Пораст на дневната температура се очекува од четврток.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време