Студено утро, преку денот сончево

Од:

Времето денеска со студено утро, преку денот сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Ккао што информираа од УХМР, во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Променливо облачно и студено

Најстудено во Берово, најмногу дожд на Попова Шапка

Горан Наумовски

Најстудено во Берово, во Охрид најтопло

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран