Студено утро, преку денот претежно сончево

Од:

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска сончево и топло време, максимални 32 степена

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево

Денеска ќе е сончево и топло

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност