Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени

Од:

Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини.

Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува.

По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Би можело да ве интересира

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Денеска ќе е сончево и студено

Прогноза: Нема екстремна зима, но следуваат студени бранови

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени