Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Од:

Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со -13 степени.

Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени -11, во Битола -10, а во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до -9 степени.

Во Штип, Демир Капија и Кавадарци утрово се измерени -8 степени, -7 во Охрид, -6 во Попова Шапка, -5 во Претор, Виница и Kрушево, како и -4 во Mаврови Анови.

Во текот на денот, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени сончеви периоди.

Попладне, претежно во западните делови, се очекува појава на повремен локален дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено, со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 3 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување